Во првите шест дена од ноември на грчките острови пристигнале 768 бегалци и мигранти, што покажува дека нивниот прилив од средината на август до сега не се намалува.
Во моментов на островите има 15.125 бегалци од кои повеќето, односно 8.118 се наоѓаат на островот Лезбос.
Локалните власти од Лезбос побараа од грчката Влада и од Европската унија под итно да се ангажираат за да се намали бројот на луѓето во прифатните центри и мигрантие да се сместат во кампови кои имаат пристојни услови за живот и безбедност.
Според официјални информации на националниот координативен центар за контрола на граници, миграција и азил во грчкото Министерство за внатрешни работи, во прифатните центри на Лезбос престојуваат околу 6.180 бегалци, додека нивниот капацитет не е за повеќе од 2.330 мигранти.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.