Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза” донесе одлука за доделување на наградата за 2017.
„За особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, Одборот донесе одлука наградата да им биде доделена на Миливоје Јанковски и на професорката д-р Венера Крлиу – Ханџиски, се вели во соопштението на Министерството за култура.