Categories

ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ Награди за најуспешните стории на граѓанските новинар(к)и

ЦИВИЛ – Центар за слобода, утре во 11 часот во хотелот „Сити парк“ во Скопје, ќе додели награди за најуспешните фото и видео стории на граѓанските новинарки и новинари од изминатите два месеци.

Сите пет наградени стории во изминатите два месеца предизвикаа бурни реакции во јавноста, но исто така, успеаја да извршат притисок врз институциите за решавање на проблемите за кои се зборува, од кршење на човековите и работничките права, до темите за социјална неправда, пречекорувања на овластувањата и инфраструктурните проблеми.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да учествуваат во проектот #ГраѓанскиОбјектив, и да станат дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари ширум светот кои, со својот активизам го менуваат општеството.

„Со вашето видео или фотографија на тема кршење на човековите права и слободи, злоупотреби и неправди, придонесувате кон поодговорни и потранспарентни институции. Воедно, станувате потенцијален добитник на една од петте интересни награди за граѓанско новинарство, кои ЦИВИЛ ги доделува секои два месеца“, стои во повикот на ЦИВИЛ.

Покрај горенаведените теми граѓанките и граѓаните можат да испратат видео и за иницијативата #БарамОдговор. Идејата на оваа иницијатива е, преку видео или селфи видео, граѓанките и граѓаните да постават прашање до политичар/политичарка или јавна личност, а снимката ЦИВИЛ ќе ја објави на своите онлајн канали. Доколку прашањето е провокативно или едноставно, граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, оставена е опција да се снима објект или некоја ситуација, додека се поставува прашањето.

Граѓански објектив е проект на ЦИВИЛ кој веќе втора година им отвора можност на граѓанките и граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.

Print Friendly, PDF & Email