Професорката Мирјана Најчевска, на денешната конференција „Слободни избори за слободно општество“, зборуваше за можните изборни нерегуларности на претстојните локални избори.
„Суштината на проблемот со изборните нерегуларности е во остварувањето на слободата на изборот како столб на концептот за човековите права. Цело време се зборува за некои промени. Од 1994 година се зборува дека ова се најважните избори. И дека одеднаш ќе почне сè одново… На секои избори, независно дали станува збор за парламентарни, претседателски или локални избори, ние повторно ќе гласаме за иднината на Македонија и за нејзиното место на светската мапа“, вели Најчевска.
Маја Ивановска
Фото: Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента