Мониторинг тимот на ЦИВИЛ евидентираше нерегуларности на изборниот ден, предизвикани од гласачи во повеќе општини.
На избирачкото место (ИМ) 2791 во Драчево, Општина Кисела Вода, според нашиот набљудувач, татко гласал на местото од своето дете со хендикеп. Момчето не било подвижно, ниту контактибилно и не ги видело листите за гласање.
Во Општина Аеродром, на ИМ 2690 повозрасни гласачи ги предале гласачките ливчиња на членови на Избирачкиот одбор (ИО), за да ги стават во гласачките кутии. Членовите на ИО веднаш реагирале, посочувајќи им на гласачите каде треба да ги стават гласачките листови. Една граѓанка на истото ИМ одбила да ги свитка ливчињата.
Во близина на ИМ 2653 во општина Карпош се забележани три патнички возила со скопски регистерски таблички (за кои што постојат сомнежи дека припаѓаат на активисти на партијата ГРОМ), ги носеле гласачите до гласачкото место.
Превоз на гласачи до гласачки места со патнички возила во сопственост на партиски активисти се забележани и во други градови во државата.