Случајот во општина Аеродром, на избирачкото место 2686 каде беше прекинато гласањето околу половина час, со интервенција на полицијата е разрешен.
Не станува збор за никаков „бугарски воз“ како што пренесоа дел од медиумите. Гласачот, кој бил во поодминати години, две гласачки ливчиња ги превиткал во едно и ги спуштил во кутијата.
Откако избирачкиот одбор и полицијата констатирале дека не станува збор за прекршок, туку за ненамерна грешка, му се извиниле на господинот и го пуштиле да замине.
Џабир Дерала упати апел до медиумите коректно да ги пренесуваат содржините на ЦИВИЛ Медиа и да бидат доследни до информациите кои се објавуваат на оваа медиумска платформа, да ги пренесуваат содржините во целост, онака како што се објавени, односно искажани на прес конференциите.
Маја Ивановска