„Демократија ни постоела, ни ќе постои во Македонија, сѐ е башибозук! Нема демократија, уште пет пати да се смени власта, пак исто ќе биде“, одговара еден граѓанин на прашањето од анкетата која ја направи денеска на скопските улици, екипата на ЦИВИЛ Медиа, по повод Светскиот ден на демократијата: Дали во Македонија има демократија?
„Во Македонија не паметам да имало демократија, имало само диктатура, почнувајќи од времето на комунизмот и диктатурата остана сè уште“, ни изјави еден граѓанин.
Македонски граѓанин кој живее во странство, вели дека доколку направи споредба со демократијата во државата каде што живее и во Македонија, таа е многу различна: „Тука луѓето пишуваат што сакаат, зборуваат како сакаат, но тоа не е во ред…“
„Ние немаме демократија, бидејќи не ги почитуваме законите!“, децидна беше една од анкетираните граѓанки.
„Нема демократија, сите гледаат, еден на друг, очите да си ги извадат!“, беше одговорот на друга скопјанка.
Текст, камера и монтажа: Дехран Муратов / Биљана Јордановска