Членот на Левица, Мариглен Демири денеска повторно ќе се појави на ново рочиште во Кривичниот суд, поради неговото учество во минатогодишните протести поради аболицијата што ја прогласи претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Демири е обвинет дека учествувал во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот и државата бара од него отштета од 8.500 евра.
Адвокатот на Демири, Сашо Дуковски го оспори вештачењето и рече дека е направено на незаконски начин, а Демири се изјасни дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари.