Денешното рочиште за случајот „Поткуп“, во којшто е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено за 20 ноември, поради тоа што судијката Дијана Груевска Илиевска е на боледување. Заев дојде во Основниот суд Скопје 1, а неговата одбрана беше известена дека се одбива барањето, снимките објавени на каналот „Јутјуб“, да не се користат како доказ во постапката. Одбраната на Заев најави жалба на ова решение.
Според обвинението, Заев додека бил градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов, наводно побарал поткуп од 160.000 евра за градежно земјиште во Струмица. На претходното рочиште, одбраната побара изземање на снимките од посебните истражни мерки, коишто беа објавени на Јутјуб.
Заев изјави дека и тој и неговата одбрана размислувале дали да ги објават целосно снимките од разговорот со Николов, за да се дознае целата содржина. Но, сепак одлучиле да побараат изземање на снимките.