Categories

ПЛАТФОРМА „Охрид СОС“ со порака до идниот градоначалник

Здружението „Охрид СОС“, денеска се обрати до сите кандидати за градоначалници, преку испраќање на „Платформа за зелен и современ Охрид“.Платформата  содржи  барања чиишто исполнувања ќе значат напредок за Охрид, задржување на младите во него и, секако, зачувување на едно од главните нешта што Охрид го прават туристички центар – неговата прекрасна и единствена природа.

„Очекуваме од кандидатите кои ветуваат подобар живот за охриѓани, безусловно да се обврзат на исполнување на нашите барања бидејќи тоа се барања на секој жител на Охрид кој сака да живее среќно и исполнето и да биде горд на својот град. Тие се барања кои ќе го унапредат животот и ќе создадат основа за одржлив развој на регионот“, стои во соопштението од „Охрид СОС“.

Според здружението, управувањето со Општината во изминатиот, веќе подолг период, оди во насока која ја доведе во прашање иднината на Охрид воопшто.

„Очекуваме, новоназначениот ‘татко“’на градот да го раководи Охрид на 21 век, во кој економската добивка ќе се темели врз заштита, а не деградација на ресурсите, каде што апликацијата на современите технологии и екологијата ќе го направат светски пример за успешност. Воедно, сесрдно го охрабруваме за отворено и чесно раководење со Општината, единствено според принципот на одржлив развој“, велат од „Охрид СОС“.

 

Print Friendly, PDF & Email