Бројни специјални полициски сили во полна опрема и колона од десетици тешки оклопни возила веќе забележана во строгиот Центар на Скопје. Додека новинарите на ЦИВИЛ ја снимаа колоната што поминуваше низ ул. Васил Главинов, од неколку возила на полицијата се слушнаа остри извици „не снимај!“, иако снимателите на Цивил ја снимаа колоната од далеку и без да се фокусираат на лицата на припадниците на специјалните единици.
Инаку, во вчерашната нивна акција за разбивање на демонстрантите, настрадаа посериозно двајца медиумски работници, новинарот Горан Наумовски од Плусинфо и фоторепортерот Наќе Батев од весникот „Вечер“, а полесно повреден беше и снимателот на Цивил, Никола Угриновски.
Од долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ од цела Македонија доаѓаат информации дека се мобилизира полицијата и веќе најголем дел тргнале за Скопје.
Информации стигнуваат од Крушево, Валандово, Ресен, Струга, Македонски Брод, Кочани, Гостивар..