Categories

ЦРНА КАМПАЊА (2) Опозицијата проѕирно се обидува ја дефокусира јавноста!

Граѓански новинар од Велес испрати до ЦИВИЛ Медиа фото-вест за уште еден обид за црна кампања против актуелната власт, преку стотици излепени плакати…

Утрово во Велес беа излепени плакати по главната и најфреквентната улица во градот, почнувајќи од Трговскиот центар, пред кафе-баровите, па сè до центарот на градот.

На постерот со голем формат, изработен од квалитетна хартија, пишува „100 дена Влада на СДСМ“ и „Повисоки пензии„, „Национални интереси“, „500 евра плата#, а на фотографијата е добро познатиот симбол…

За разлика од грозоморните обиди за црна кампања на поддржувачите на опозицијата во видео-сферата и на социјалните мрежи, нападот врз власта во Велес, наводно поради неостварените ветувања на СДСМ, за заштита на националните интереси, за просечна плата од 500 евра и за покачување на пензиите, барем се обидува да биде духовит во шашардисувањето на јавноста од вистинските теми во јавноста.

Print Friendly, PDF & Email