На вчерашната прес-конференција на Американската вселенска агенција (НАСА), неколку научници од Институтот за технологија во Калифорнија, кои работат за Агенцијата, потврдија дека откриле седум егзопланети, кои орбитираат околу ѕвездата TRAPPIST-1, оддалечена 40 светлосни години од планетата Земја.
Научниците сметаат дека три од овие седум планети се погодни за живот, бидејќи на површината има присуство на вода.
Шест од овие планети се наоѓаат во зона каде што температурата стигнува до 100 Целзиусови степени, најмалку три од нив имаат океани, а сите се со големина колку Земјата и Венера.
Научниците велат дека најпрвин треба да се проучи атмосферата на овие планети, пред да се потврди дека е возможен живот на нив.
Телескопот „Хабл” што го користи НАСА, веќе ја пребарува атмосферата околу овие планети, а се очекува и телескопите, како тие на Европската вселенска агенција и телескопот „Џејмс Веб”, да бидат доволно моќни за да детектираат услови за живот: на пример, постоењето на кислород на есктрасоларните планети. Астрономите и физичарите предупредуваат дека треба во предвид да се земат и потенцијалните извори на радијација.