„Ова што ѝ се случува на Македонија, нема никогаш повеќе да се случи! Ова е најголема реклама за државата, има 203 земји што ќе (го) пренесуваат (натпреварот)… Две работи ѝ се случија на Македонија: земјотресот во 1963 година и ова денес, Супер-купот. И никогаш повеќе нема да се случи“, изјави денеска еден скопјанец пред камерата на ЦИВИЛ Медиа, елаборирирајќи ги своите импресии за натпреварот „Реал“ – „Манчестер“
Според нашиот соговорник, „ниту еден премиер, ниту претседател, не може да ја претстави државата подобро од ова. Јас уште не сум свесен дека кај нас се одржува Супер-купот, со два милона – народ, со слаба инфраструктура, со немање добри фудбалски стадиони, како фудбалска нација сме – нула, на 145 место, и ова да ни се случи, сè уште не сум свесен, некако, како да сум во облаци“.
Граѓанинот истакнува дека „да бев на местото на премиерот Заев, или да останеше Груевски, на сите странци што дојдоа, ќе им дадев бесплатен престој, бидејќи оваа реклама не може со пари да се плати!“
„Преку денешниот натпревар, сите ќе слушнат и ќе дознаат за Македонија, дека постои на Балканот“, потенцира другиот соговорник.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска