„Од партијата се повлекувам и нема активно да учествувам на следните локални избори, бидејќи немам поддршка од раководството на партијата, од Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Скопје“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Дејан Пановски, советник во Општина Охрид.
Тој додава дека 20 години е член на ВМРО-ДПМНЕ и нема намера да се откаже од партијата, но нема да учествува активно.
„Немам политички амбиции и нема да се кандидирам за градоначалник или за советник на претстојните локални избори. Причината за моето повлекување е дека немам поддршка од раководството од Скопје, затоа што имам различни ставови“, истакна Пановски.
Тој не ја исклучува можноста пасивно да им помогне на реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што вели – „јас ги започнав реформите во партијата, пред да се појават реформаторите“.
Пановски ги отфрла гласините дека учествувал во инцидентите што се случиле во саботата во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, бидејќи не бил на тој состанок.
Дехран Муратов