Categories

СТРАВ Плакати и налепници за наводни казни од 5.000 евра за оние кои нема да знаат албански!?

„Јас, на 60 години, немам никакви услови да учам албански јазик“, изјави еден граѓанин на Скопје, одговарајќи потврдно на прашањето на екипата на ЦИВИЛ Медиа: „Дали употребата на албанскиот јазик го загрозува македонскиот јазик?“

Toj додава дека преку плакати-налепници кои се делат низ парковите, дознал дека ќе треба да плаќа казна од три до пет илјади евра доколку не знае албански јазик!

Но, од друга страна, сепак, не е сигурен во вистинитоста на таквата закана: „Јас се сомневам, и верувам и не верувам дека ќе треба да се плати казна од 5 илјади евра, и така, и така… Провокација!“

 

Вулнет Махмути

Камера: Дехран Муратов

Монтажа:  Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email