Во Домот на културата „Кочо Рацин“ денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на поетската книга „Твоето ангелско лице“, на Ана Дедова од Кочани, дете со попреченост, која тагата и радоста ги споделува преку пишаниот збор.
„Ана е доказ пред сите нас, дека сите под ова небо сме исти, дека сите можеме да учествуваме во ова наше општество подеднакво и дека не сме различни“, се вели во поканата за промоцијата. Промотор на стуихозбирката ќе биде Славица Цветковска, а наратор Оливера Доневска.
Според организаторот на промоцијата, Ана ги сакала песните на пеачката од Хрватска, Даниела Мартиновиќ, присуствувала на нејзините концерти и ѝ ги посветила стиховите од новата збирка песни.
На 20 октомври, во организација на Анеа Мажуран и библиотеката „Медвешчак“, во Загреб ќе се одржи промоција на која ќе присуствува и Данијела Мартиновиќ.