Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вчера извршил увид во Музејот на Македонија. Состојбата која ја затекнал таму е и повеќе од мизерна.
Алаѓозовски на својот Фејсбук профил објави фотографии од увидот.
„Ужасна запуштеност на институцијата каде што се чува највредното наследство“, напиша Алаѓозовски покрај објавените фотографии од увидот.
Ѕидовите, ентериерот и експонатите во Музејот се оштетени и поплавени од силните врнежи. Алаѓозовски најави итни мерки за санација.