„Национализми, споменици и идентитет на културата: наследства на модернизмите во современиот момент и начини на отпор“, е насловот на предавањето на кураторката Линеа Вест, кое ќе се одржи на 15-ти февруари во 19:30 во ГЕМ клубот.
Вест ја координира глобалната истражувачка програма „Современи и модерни уметнички перспективи“ (C-MAP) на Музејот на модерна уметност- МОМА во Њујорк. Таа е исто така уредник на Post, веб-страницата на музејот која е посветена на уметноста и историјата на модернизмот во глобален контекст
Првиот дел од предавањето се однесува на нејзиното истражување на национализмот и постсоцијалистичките споменици. низ призмата на историјата на уметноста. Спомениците се користеле/користат за да се формира национален идентитет, преку поправањето на колективната меморија во долгорочна културна меморија.
Примерите како паркот „Мементо“ во Будимпешта и програмското шоу „Скопје 2014“ покажуваат како проектите, на различни начини, реагираат на модернистичките наследства и ја злупотребуваат фомата на споменик. Вест во овој случај се прашува дали местата ненамерно имаат ехо од естетиката на социјалниот реализам и дали тие прават разлика меѓу вистинската и лажна меморија?
Вториот дел од предавањето ќе разгледува како уметничките заедници во Њујорк и Будимпешта се организирале за отпор кон десничарскиот авторитарен национализам. со стратегии кои ја истакнуваат граѓанската активност и протест. Предавањето ќе биде одржано на англиски јазик.
Предавањето на Линеа Вест е дел од серијата настани кои се поврзуваат со наградата ДЕНЕС, награда која се доделува секоја втора година на млад визуелен уметник на возраст до 35 години во Македонија. Оваа награда во Македонија е организирана од Центарот за современи уметности – Скопје уште од 2002 година, а во 2015 година како партнер-организација се вклучува и организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје која е организатор на настанот. Наградата е дел од интернационалната мрежа на награди „Програма на награди за млади визуелни уметници“ во Централна и Југоисточна Европа, основана во 1990 година од Фондацијата за граѓанско општество и претседателот на Чешка, Вацлав Хавел, за потоа да се прошири со востановување на награди во уште 10 земји во регионот.
Од 2016 година оваа програма е менаџирана од резиденцијалната програма Residency Unlimited, а наградата е двомесечен престој во Њујорк.