На списокот по општини на независни кандидати за членови на совети и градоначалник што го собраа потребниот број потписи за локалните избори се најдоа 27 за градоначалници во 22 општини, а независни листи за советници ќе има во 27 општини.
Потписи за листи на кандидати за градоначалник се собрани во Битола, Бравеница, Валандово, Вевчани, Градско, Дебарца, Дојран, Зрновци, Кавадарци, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Охрид, Петровец, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Центар, Чашка и Чучерсандево.
Потписи за листи на независни кандидати за членови на совети се собрани и во Гевгелија, Долнени, Карбиници, Кичево, Кочани, Кривогаштани, Крушево, Старо Нагоричане и Штип.
Рокот на партиите, пак, за поднесување на кандидатски листи за градоначалници до ОИК е 14 септември. Досега ниту една партија не поднела листа на свои кандидати.