ЦИВИЛ Медиа ги анкетираше прилепчанки и прилепчани дали им веруваат на медиумите.
„Можеби има и понекоја лага, ама повеќе – им веруваме“, „Тие се фантазија, лажат многу!“, „Едните се на една страна, другите на друга, ќе ги видиш двете, и ќе заклучиш“, се мислењата на прилепчан(к)и за објективноста на медиумите кои ги следат на локално и на национално ниво.
На прашањето од кои медиуми најчесто се информираат за општествените случувања, прилепчани сè уште ја посочуваат А1, иако телевизијата е затворена со години.
Маја Ивановска
Камера: Биљана Јордановска