Притвор од 30 дена за четворица од петтемина уапсени за обид за убиство на Зијадин Села, за време на „крвавиот четврток“ во Собранието на 27 април, определи судијата на претходна постапка, а по предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје.
Како што соопшти Обвинителството, побаран е притвор и за петтиот осомничен. Но, Судот ќе одлучува дополнително, зашто здравствена состојба на осомничениот е влошена.
За потсетување, ЦИВИЛ – Центар за слобода објави ексклузивни фотографии од крвавиот напад на Собранието и обидот за убиство на пратеници од редовите на новото парламентарно мнозинство, на 27 април.
М.Т.