На избирачкото место 2686 во општина Аеродром со интервенција на полицијата е прекинато гласањето.
На гласач му се дадени четири избирачки ливчиња, а кога тргнал да ги внесува во избирачките кутии имал само три. Му недостасува ливчето за советничка листа на Аеродром.
По реакција на Избирачката комисија, полицијата го прекинала гласањето, гласачот е задржан во избирачкото место. Полицијата чека налог за претрес.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ известува дека поради прекинот на гласањето пред избирачкото место се создала гужва, а доста гласачи се откажале од чекање.
Прекинот трае веќе половина час.
Маја Ивановска