По одржувањето на првиот круг од локалните избори, извесни се пет промени во составот на Собранието.
Вчера, досегашниот пратеник на ГРОМ, Чедомир Саздовски го информирал претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека веќе нема да биде преставник на ГРОМ, туку ќе биде независен пратеник.
По првиот круг, извесно е дека пратениците Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков и Максим Димитриевски, повеќе нема да бидат членови на пратеничката група на СДСМ и ќе ги преземат градоначалничките функции.
Меѓу пратениците кои ќе се натпреваруваат за градоначалничката функција и во вториот круг се Бетиане Китев, Благој Бочварски и Курто Дудуш од СДСМ и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ.
Оставки на пратеничките функции пред изборите поднесоа и пратениците Бардил Даути од ДПА и Билал Касами од Беса, кои се кандидираа за градоначaлници.