Прес центарот на ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе биде сместен во хотел Сити Парк и ќе биде отворен од 6:30 изутрина до 2 часот по полноќ, утрото на 16 октомври. Прес центарот на ЦИВИЛ ќе ги прибира извештаите од акредитираните набљудувачи, граѓанските новинар(к)и и од граѓан(к)ите кои ќе пријавуваат нерегуларности.
Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на медиумите во текот на целиот период. Секој-а новинар-ка може да дојде во Прес центарот во секое време за изјава или на прес конференциите закажани во 8:30, 12:00, 15:00, 19:30, 22:00 и 24:00.
Како и на секој изборен процес претходно, и оваа година ќе се одржи панел дискусија со членови на Експертскиот борд на ЦИВИЛ во Прес центарот, со почеток во 20:00 часот. На панел дискусијата ќе учествуваат Александар Новакоски, правен експерт и поранешен претседател на ДИК, Сандра Гавриловска, правна експертка и Сашо Орданоски, политички аналитичар и универзитетски професор, како и членките на Координативното тело на ЦИВИЛ за избори, Дијана Тахири, Биљана Јордановска и Маја Ивановска. Дискусијата ќе ја води Џабир Дерала, ЦИВИЛ.