Categories

Вест Претседателот на ЛП во посета на ЦИВИЛ

Претседателот на Либерална партија (ЛП) Ивон Величковски, еден час по соопштението наЦИВИЛ – Центар за слобода под наслов „Да ја сопреме агонијата!“, го посети седиштето на организацијата. Величковски, на средбата со претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала, ја изрази својата поддршка и согласување со ставовите, анализите и препораките организацијата.

Тој нагласи дека во изминатиот период Либерална партија во многу наврати во јавноста излегува со слични, ако не и идентични ставови за состојбите и објавува предлози за решавање на политичката криза во земјата. И денес, високите претставници на ЛП и ЦИВИЛ, во кусата средба разменија мислења, ставови и сознанија за политичките состојби и за процесите во контекст на вонредните парламентарни избори во Република Македонија.

Величковски на претставниците на ЦИВИЛ им ја претстави и „Либерална иницијативата за Македонија каква треба да биде“ и додаде дека појдовна основа за оваа иницијатива е ставот дека „нема ‘пазарење’ за слобода за било кој државен функционер што го прекршил законот во изминатите осум години и пред тоа“.

Меѓу другото, како дел од претставувањето на Иницијативата, беше споделен и ставот дека за Македонија е потребно да се поведе „борба со корупцијата насекаде, вклучително и во високите политички кругови. Никому не може да му се суди за јавно искажан сомнеж за корупција во власта“.

Print Friendly

Leave a Comment

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>