На ден пред изборниот молк, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги поканува медиумите, претставниците на граѓанските организации и набљудувачките мисии, набљудувачите на ЦИВИЛ и сите заинтересирани граѓанки и граѓани на кафе и јавна презентација, денеска, петок 13-ти, на терасата на хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.
ЦИВИЛ ќе упати пораки до јавноста и препораки до политичките партии и институциите и ќе го презентира својот план за денот на гласањето. Ова ќе биде добра можност и за набљудувачите и граѓанските новинарки и новинари, кои имаат прашања да ги постават во текот на дружењето со кафе.
За претставниците на медиумите ќе биде подготвен печатен извештај од прес конференцијата која се одржа на 10 октомври. ЦИВИЛите ќе бидат на располагање за индивидуални брифинзи.
Презентацијата ќе се пренесува LIVE на Фејсбук страната на ЦИВИЛ. Со таа опција, нема кафе.