Вчера во село Пласница од колона возила биле истрелани неколку куршуми од огнено оружје во близина на штабот на ДУИ. Претходно, во 20 часот, додека се одржувал јавниот собир на ДУИ, непознато лице испукало неколку истрели од огнено оружје.
Во текот на вчерашниот ден било искршено стакло на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, во Кавадарци.
Во село Злетово за време на јавниот собир на ВМРО-ДПМНЕ, С.Н. (71) викал и непристојно се однесувал, по што бил одведен во полициската станица во Пробиштип, каде му била поднесена прекршочна пријава.