Специјалното јавно обвинителство на Судот му предаде Це-де со снимен телефонски разговор меѓу Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и Гордана Јанкуловска, ексминистерка за внатрешни работи. Како дополнителен доказ во случајот „Сопот“, ќе биде користен и аудио разговорот од МВР со сведокот Рамадан Бајрам.
Одбраната на обвинетите, најави дека ќе побараат во Судот како сведоци да бидат сослушани Мијалков и Јанкулоска. СЈО предлага како сведоци да се сослушаат шест вработени во УБК и ангажираните вештаци за овој предмет.
Во случајот „Сопот“ вкупно се обвинети 10 лица. Шестмина останаа на изјавите коишто ги дале порано, пред Судот, четворица обвинети се недостапни, а еден е починат. Сите се товарат за смртта на двајца полски војници и еден македонски државјанин, што загинаа во 2003 година, кога теренско возило на НАТО нагази на мина.
На барање на одбраната, за да се разгледаат новите докази, следното судење е одложено за 23 ноември.
М.Т.