Референдумот во Дојран се одвива непречено, со помали технички грешки. До 13 часот на гласање излегле 587 граѓанки и граѓани со право на глас, односно 21,37% од регистрираните гласачи.
Тимот на ЦИВИЛ – Центар за слобода и екипата на ЦИВИЛ Медиа ги обиколија осумте избирачки места на територија на Општина Дојран и установија дека референдумот се одвива непречено, главно со почитување на стандардите и законот.
Граѓанките и граѓаните на Дојран денеска се изјаснуваат на референдумското прашање за или против изградба на рудникот Казандол. Како што известуваат од ОИК Дојран, досега немало никакви нерегуларности, а во КПД Идризово едно лице на Избирачкиот список го остварило првото на глас.
ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе ја информира јавноста за текот на референдумот преку соопштенија и новинарски прилози на тимот на ЦИВИЛ Медиа. Информациитеќе за резултати од набљудувањето на терен ќе се објавуваат и на социјалните мрежи на ЦИВИЛ.
Граѓанките и граѓаните можат да пријавуваат нерегуларности на телефонските броеви: 078 746 138 и 075 389 698, а на располагање е и веб-страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности или преку порака на Фејсбук страницата Слободни избори.
Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација е онлајн апликација достапна на граѓанките и граѓаните, во секое време да пријавуваат нерегуларности.
Право на изјаснување на Референдумот во Дојран имаат вкупно 2.747 жители.