Петмина повредени и шеесет приведени демонстранти е билансот од вчерашните демонстрации во Романија кои се оценети како најмасовни протести по падот на комунизмот во 1989 година.
Околу 250 илјади луѓе изглегоа на улиците во повеќе градови, од кои половината во Букурешт. Граѓаните протестираа против одлуката на Владата да ги ублажи прописите за сузбивање на корупцијата. Демонстрантите го осудија усвојувањето на итната уредба со која меѓу стотиците осудени лица, би биле помилувани и одделни политичарите осудени за корупција.
Во Букурешт протестот заврши со судири меѓу силите на редот и неколку групи демонстранти, пред сé, пред седиштето на Владата. Покрај главниот град, протести се одржаа и во други градови, како Клуж и Темишвар, каде демонстрантите запалиле неколку контејнери и автобуски постојки.