„Не сакам да ја поделам Романија. Не може земјата да се подели на две“, порача во ТВ обраќање романскиот премиер Сорин Гриндеану, соопштувајќи ѝ на јавноста дека Владата го повлекува контроверзниот декрет со кој сакаше да декриминализираа кривични дела за корупција и за злоупотреба на службена положба во случаи кога сумата е под 44.000 евра.
Откако во најголемите граѓански протести по падот на комунизмот во 1989 година, десетици илјади Романци пет дена, секојдневно протестираа на улиците на Букурешт и на други градови низ земјата, Владата го повлече декретот што требаше да стапи на сила на 10 февруари, а со кој ќелиите ќе ги избегнеа и корумпирани политичари.
Граѓанските протести имаа таков интензитет и се одвиваа со покажување на таква решителност да се опстои со барањата да се продолжи битката против злоупотребите, корупцијата и криминалот, што Владата и премиерот Гриндеану, немаа друг избор.