Победник во првиот изборен круг за градоначалник на Град Скопје е кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, покажуваат најновите првични официјални, но нецелосни, резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија.
Според досега изброените гласови, Шилегов освои 130.601 гласови, односно 50,19 проценти, додека за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, гласале 93.571, односно 35,96 проценти. Шилегов води пред Трајановски со околу 37 илјади гласови.
ДИК денеска најдоцна до 14 часот треба да ги соопшти првичните резултати од вчерашното гласање за локалните избори.
Досега ДИК има обработено 98,74 проценти од гласовите и според податоците објавени на нивната веб страница, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 9 општини, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини.