Categories

ЗЛОУПОТРЕБИ Синот на Ристо Никовски примал превисоки хонорари како советник на Груевски!

Александар Никовски, синот на поранешниот дипломат Ристо Никовски, познат во јавноста како силен поддржувач на политиките на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, како ексвладин консултант примил по разни основи речиси 220.000 евра. Високи хонорари по договори им биле исплатени и надворешните консултанти: Џорџ Р. Пери и Ехшуа Шуки Гвајман, соопшти Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на денешната прес конференција. Владата сега бара мислење од Државното правобранителство и од МВР да се истражат консултантските договори за надворешните советници во Владата на Груевски.

„Постојат индиции дека потписот на Мартин Протоѓер, тогашниот шеф на кабинет на Никола Груевски, е во спротивност со членот 6 од Одлуката за формирање канцеларија на претседателот на Владата, со што овие договори би биле ништовни. Очекуваме и мислење од Правобранителството дали трошоците што тогашната Влада му ги одобрила на советникот Никовски, може да се сметаат за трошоци за службени активности“, изјави Бошњаковски.

Никовски примал месечен надомест од 3.000 евра. За авиобилети му биле исплатени преку 30.000 евра, за угостителски услуги 23.000 евра, за такси и превоз 5.500 евра, за подароци 2.500 евра и за други трошоци околу 6.000 евра. Никовски од државниот буџет добил вкупно 217.490 евра.

Print Friendly, PDF & Email