Завчера во Република Македонија се спроведоа шестите локални избори, а нејзините граѓани по шестти пат гласаа за оние коишто ќе бидат нивни претставници за следните четири години.
Најинтересните моменти дефинитивно можеме да ги извлечеме од објавувањето на првичните резултати и разликата на гласови меѓу кандидатите, што на некој начин, ни дава предзнак за тоа кој ќе биде иден градоначалник на општината, односно на Град Скопје.
Политичките партии, на еден познат начин, а (не) толку креативен и интересен, ги прославија нивните победи.
Да, навистина Арачиново испиша историја! Навистина граѓан(к)ите на Арачиново покажаа дека во оваа земја има надеж и волја да се направат реформи и во општеството.
Во оваа општина, уште во првиот круг забележа победа СДСМ. Собраните граѓани и граѓанки, оваа победата ја прославија во придружба на музиката за „легендарното Арачиново“ и со пукање.
Исто така, симпатизерите на СДСМ, заедно со нивните членови и функционери, околу полноќ се собраа пред Владата, за да ја прослават победата во Град Скопје и во општините Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Шуто Оризари.
Ова победа се славеше и со импозантен огномет: подобро кажано, сето ова се слушаше во секој ќош на Скопје!
Коалициониот партнер ДУИ победи во 13 општини. Како и во секој изборен циклус, кога ДУИ прогласува победа, а тоа им успеа и овој пат, прославата започна пред седиштето на ДУИ, во Серава, Чаир, каде што немаше ништо поразлично од претходните прослави. И овој пат, славеа со пукање.
Пукањето не недостасуваше и во Сарај, каде што кандидатот на ДУИ забележа сигурна победа во првиот круг.
Со други зборови, завчера Скопје се тресеше од сите страни.
До кога?