ЦИВИЛ – Центар за слобода го започна проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ со што на јавноста и на институциите ќе им се обезбеди динамична размена на информации, ставови и анализи. На овој начин, ЦИВИЛ ќе придонесе и за јакнење на слободата на изразување и на медиумската писменост.
Дел од активностите во проектот се 88 јавни настани и теренски активности за промоција на проектот и за граѓанска едукација за човекови права и слободи, вклучувајќи го и гласачкото право.
Првите јавни настани, уште утре, на 27 јули, ќе се одржат во Прилеп, Крушево и во Битола со промотивни инфо-штандови.
На плоштадот во центарот на Прилеп, ЦИВИЛ со инфо-штанд ќе биде достапен за граѓанките и граѓаните, за информации и прашања од 11:30 до 13:00 часот.
Во центарот на Крушево од 13:30 до 14:30, граѓанките и граѓаните ќе имаат можност да се информираат за слободата на изразувањето и за медиумските слободи.
Битолчанки и битолчани ќе имаат можност да се информираат на инфо-штандот на ЦИВИЛ на плоштадот „Магнолија“, кај Магазата, од 16:00 до 17:30 часот.
Граѓанките и граѓаните можат да се запознаат со проектните активности и да се информираат на лице место како да бидат дел од тимот на ЦИВИЛ, но и како да дадат свој придонес во медиумската продукција со навремено и објективно информирање.