Субверзивен фронт една од организациите основачи и тековни членки на ЕРА – ЛГБТИ Асоцијацијата за еднакви права на Западен Балкан и Турција, ги повикува сите припадници на ЛГБТИ-заедницата во Македонија, да се приклучат кон истражувањето за нивната исклученост од социо-економските политики на државите од овој регион.
Ова истражување се однесува на ЛГБТИ/лицата кои живеат во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија.
Целта на истажувањето е преку онлајн прашалник да се откријат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат ЛГБТИ/лицата поради нивната сексуална ориентација, родов идентитет и родово изразување, вклучително и перцепциите за правата, насилството, вознемирувањето и останатите важни теми за оваа заедница.
Вакво истражување беше спроведено во 2012 во сите земји на Европската унија, вклучувајќи ја и Хрватска (тогашна земја-кандидатка за членство). Дури 93.000 луѓе го одговорија прашалникот од ова истражување, кое, за жал, тогаш, не ги вклучуваше земјите во Западен Балкан.
Во меѓувреме, Националниот демократски институт којшто го спроведе регионалното испитување на јавното мислење за ЛГБТИ во шестте земји на Западен Балкан во 2015, ќе возможи споредба на наодите.
Истражувањето е поддржано од Светската банка и се спроведува од страна на IPSOS Strategic Marketing, Williams Institute при UCLA и ЕРА – ЛГБТИ Асоцијацијата за еднакви права за Западен Балкан и Турција.
Сите засегнати можат да придонесат за истражувањето преку пополнување на прашалникот.