Фашистичкиот референдум против измислени мигранти, во Општина Аеродром, ќе се одржи паралелно со локалните избори! (Откако го дознав ова, сè уште не можам да си дојдам на себе, до кај може да оди монструозноста на некои умови!)
Луѓе! Сите ние сме синови, внуци, род на некои некогашни мигранти… Светот секогаш бил, е и ќе биде, во постојано движење, и добро е што е така…
Сега, во кого нема веќе ни ронка морал, човечност…, во кого не останало ни парченце душа – нека продолжи слепо да ги лапа „семките“ на „семкарот“!
„И, на здравје да му е“!
Но, по мене, на овие избори, кога веќе секој разумен човек, по сето она што го видовме, би требало да биде повеќе од свесен за „голотијата“ на царчето Грујо и за сите бездушни злодела на неговото злосторничко здружение (именувано и како ДрПМНЕ), и да знае дека – глас за овие злосторнициу, не е веќе партиска определба – туку е директно соучесништво со нивните злодела!
Гласајќи за нив – стануваш нивен соучесник, и тебе како и на нив, треба да ти се суди!
И повторно, кога ќе помислиш дека е тоа врв на нивната манипулативност и распродажба на квазипатриотизам, се случува вакво нешто!
Еден ваков срам!
При вака спакувани локални избори во грозна фашистичка обланда, како во Аеродром, по ваква навреда на здравиот разум, по мене, и еден глас за ДрПМНЕ – фашистичка во Аеродром, ќе биде голема срамота за душата на оваа Општина, за човештината на жителите, за граѓанската будност на луѓето, кои во корен треба да ги сосечат сите вакви зародиши на верска и етничка омраза, дискриминација, омраза, отворен фашизам…