„Крик на жената“ (Woman Scream) e меѓународен фестивал на поезијата и уметноста што секоја година се одржува во март, ширум светот. Во Скопје, годинава фестивалот се одржа по втор пат, во организација на Оливера Доцевска од здружението „Јустиција“ и поетесата Елена Пренџова.
Вчеравечер, во Клуб ресторанот на МКЦ, поетеси и поети, преку стихови, ги изразија своите заложби во борбата против насилството врз жената и за родовата рамноправност.
На поетското читање учествуваа Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода, Оливера Доцевска,, Елена Пренџова, Дијана Петкова, Д. А. Лори, Драгица Најческа, Виолета Танчева Златева, Ирена Јурчева, Филип Клетников, а свој настап имаше и виолинистот Шкелзен Пајазити од Тетово.
Поетесите беа облечни во моделите на Сара Реџиќ, Атеље „Sari G“ и Магдалена Таневска, модно студио „Магда“.
На крајот на поетското читање, сите учесниците добија сертификат за учеството и поддршката, со благодарност за нивниот „крик“ за слободата и рамноправноста на жената.
Б. Ј.