Џабир Дерала, во име на ЦИВИЛ – Центар за слобода, изјави дека референдумот во Валандово, претставува тест за системот, во пресрет на локалните избори на 15 октомври. Притоа, Дерала ги сумира наодите за нерегуларностите нотирани во текот на мониторингот на референдумското изјаснување на граѓанките и граѓаните на општина Валандово за или против рудниците во регионот.
Референдумот не успеа, со 46,15% излезност од 10,141 гласачи регистрирани во Избирачкиот список.