Categories

КОЛУМНА Телеграфски преглед на релациите меѓу Иванов и Беса

Претседателот Иванов и Движењето Беса се во веома врло чудни релации… Ова е еден краток, телеграфски преглед на релациите и дворските игри во и околу кабинетот на претседателот на државата, со проверени податоци од сигурни извори, но и од следење на јавно достапните информации. 

пишува: Боби Илиевски

Еден месец пред да биде формирана Беса, пред две години, во кабинетот на Иванов биле Африм Гаши, Зеќирија Ибрахими и Андан Исмаили, заедно со Синиша Алексовски, советникот за национална безбедност на претседателот.
Заедничко за сите нив е што срцето им чука за Ердоган.
Африм Гаши му е бивш студент на Иванов, како и Синиша Алексовски, па релациите им датираат од тоа време.
По истата студентско-факултетска линија и Владимир Божиновски, пуленот на Иванов, ги советуваше Беса.
Синиша Алексовски продолжи да ги комуницира Беса преку Африм Гаши и Аднан Исмаили за свои полициско-разузнавачки цели.
Иванов и Алексовски се поврзани со фондацијата за исламска цивилизација ФОЦИЦ.
Инаку, Беса беше во финансиска криза пред почетокот на кампањата. Но, по посетата на Ахмет Давутоглу во Скопје и на Билал Касами на Анкара, штабовите живнаа со турски пари.
Во меѓувреме, Алексовски се труди да ја убеди Беса да даде поддршка на ДПМНЕ, во Скопје – на Коце Трајановски и на Тони Трајковски – во Гази Баба. Зеќирија Ибрахими е кандидат на Беса за Чаир.

 


Содржините објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода се ставови, сознанија и мислења на авторките и авторите ангажирани во организацијата и не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите. Ставовите изнесени во рубриката МИСЛА се ставови на авторките и авторите и не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите и на ЦИВИЛ.
Print Friendly, PDF & Email