Categories

ГРАЃАНСКИ НОВИНАР Темков: Не плашете се!

Граѓанскиот новинар Дамјан Темков освои една од двете четврти награди за видео-прилогот „Портокалова фаза: Работниците не терен, инспекциите не можат да постигнат“.

За ЦИВИЛ Медиа, Темков изјави дека не очекувал награда, дека е мотивиран и понатаму да известува за сите проблеми на кои ќе наиде, зашто тоа отвора многу можности и дека никој не треба да се плаши да ја информира јавноста за она што се случува.

„Сметам дека граѓанското новинарство е можност да се зборува за проблеми што не ги следат официјалните медиуми. Секако, доколку има простор и можност да се документира некаков настан би било убаво, да има некој како ЦИВИЛ, на пример, да го промовира и да ја запознае јавноста“, изјави Темков.

 

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email