Американскиот Федерален апелациски суд во Сан Франциско ја задржа привремената суспензија на наредбата на претседателот Доналд Трамп, со која тој забрани влез на граѓани од седум исламски земји, на територијата на САД.
Апелациониот суд во Сан Франциско едногласно ја потврди одлуката на федералниот судија од Сиетл, кој ја сопре наредбата на Трамп на територијата на САД.
По ваквата одлука на Апелациониот суд, Трамп изјави дека „судот е толку политизиран”.
„Ќе се видиме на суд, безбедноста на нашата земја е во прашање!“, напиша Трамп на Твитер, иако не е јасно на кој суд мисли претседателот.
Американската адмистрација во рок од 14 дена треба да побара од истиот Апелационен суд да го разгледа случајот во поширок состав од овој сегашниот, составен од три члена. Втората опција е да се обиде да го заштити своето толкување за надлежностите на претседателот, на Врховниот суд на САД, кој е највискоата судска инстанца во земјата.