Кривичниот суд го прифати обвинението на Специјалното обвинителство за случајот „Триста“.
Приговорите на адвокатите се одбиени, а обвинителниот акт е одобрен во целост. Од скопска единица посочуваат дека преку системот за електронска распредлба на предмети, тој сега ќе биде распореден кај некој судија, по што ќе се одреди датум за почеток на судењето.
Во „Триста“ обвинет е помошникот министер во МВР, Ѓоко Поповски за набавката на новите триста возила шкода и шевролет, за полицијата. Според СЈО тој го оштетил буџетот за 450 илјади евра.
„Триста“ е првиот од 17 обвиненија на СЈО поднесени на крајот на јуни кое помина низ филтерот на Кривичниот суд.
Специјалното јавно обвинителство побара и притвор за Поповски, но судовите одлучија тој да се брани од слобода, со одземен пасош.
М.И.