Моторџиска банда составена од Турци кои живеат во Германија, која дејствува под името „Османлиска Германија“, била поврзана со турските власти и служела за собирање информации и заплашување на водачите на организации кои се спротивставуваат на политиката на претседателот Реџеп Тајип Еродган, пишуваат германските весници, а јавува МИА.
Организацијата дејствувала во сојузната држава Северна Рајна Вестфалија и имала околу 2.500 членови. Според германското МВР, групата била ангажирана во разни криминални активности, но имала и блиска соработка со турската безбедносна служба МИТ.
Според извештајот на германското МВР што бил испратен до министерот за внатрешни работи Херберт Реул, групата била ангажирана за борба против курдски организации, турски левичарски групи спротивставени на Ердоган и против лица поврзани со Фетула Гулен.