Турските власти го уапсиле претседателот на турската канцеларија на „Амнести интернешнел“ (Amnesty International), Танер Килич поради наводни врски со мрежата на Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвинува за организирање на обидот за преврат што се сличи во земјата, во јуни минатата година, соопшти организацијата за заштита на човековите права.
Во соопштението се наведува дека покрај Килич, во текот на вчерашниот ден, во Измир биле приведени уште 22 соработника на локалната организација на „Амнести Интернешнел“.
„Поради недостиг од веродостојни и прифатливи докази за вмешаност во меѓународно признати престапи, ги повикуваме турските власти неодложно да го ослободат Танер Килич и 22-та правници, а исто така, да ги повлечат сите обвиненија против нив“, се наведува во писмената изјава на генералниот секретар на меѓународната организација, Алила Шети.
По обидот за државен удар на 15 јуни минатата година, турските власти уапсија над 40.000 лица, а над 100.000 беа отпуштени или отстранети од должност.