Приведени се пет лица, осомничени за нападот на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април, годинава. Како што соопшти Основното јавно обвинителство, лицата се товарат за сторено кривично дело: Убиство во обид направено во соизвршителство.
„Петте лица, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот, Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и кон останати лица“, соопшти ОЈО.
На 10 мај годинава, беа уапсени две лица кои, исто така, се товарат за обид за убиство на лидерот на Алијанса за Албанците. Ним судот им определи мерка притвор.