Categories

ЕКОЛОГИЈА „Југохром“ ќе се рестартира напролет

Фабриката „Југохром“ од Јегуновце, ќе се рестартира во март или април следната година. Денеска во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, управителот на фабриката, Васко Скендеровски и претседателот на Синдикатот, Бајрам Амити, ќе потпишат меморандум за разбирање и рестартирање на фабриката, во која што беа вработени околу 800 работници.

Според невладината организација „Еко-герила“  „Југохром“,  не може да се рестартира без поставување филтри, без исполнување на еколошките стандарди.

„Сметаме дека до март или април, како што изјавија од Владата, нема да бидат исполнети законските услови за заштита на животна средина, и затоа реагираме на изјавата на премиерот Зоран Заев дека ‘Југохром’ ќе може да се отвори во тој рок. Истакнуваме дека по затворање на фабриката, воздухот во Тетово е за 60% почист, и сметаме дека не вреди никаков компромис што ќе биде на штета на здравјето на граѓаните. Граѓаните со месеци протестираа против Владините одлуки да се даваат нови рокови на ‘Југохром’. Тие рокови се пробиени, а граѓаните беа свесни кој е загадувачот. Според тоа, сметам дека рестартот на фабриката ќе предизвика многу остра реакција од граѓаните“, изјави Аријанит Џафери, за ЦИВИЛ Медиа.

„Југохром“ беше затворен пред речиси една година, на 2 ноември 2016. Раководството одлучи да ја спроведе одлуката на надлежниот Инспекторат, фабриката да прекине со работа, зашто сè уште не е изградена филтер станица во предвидениот рок, 30 октомври 2016.

Оттогаш, вработените во фабриката, многу пати преку протест го манифестираа своето незадоволство, со барање фабриката да работи, а во исто време, да тече изградбата на филтер-станицата.

Моника Талеска

Print Friendly, PDF & Email