Денешниот ден на „Враќање на слободата“ започна во Градскиот парк, Скопје, со ументичка работилница и презентација на Граѓанската Повелба.
Мултимедијалниот уметник Мирослав Стојановиќ ја предводеше работилницата, а активстките и активистите на ЦИВИЛ беа на располагање за сите прашања и информации за кампањата Проговори! и Граѓанската повелба. Посетителите на паркот се информираа за Граѓанската повелба и потпишаа изјави за поддршка на овој глобален документ. Граѓанките и граѓаните беа заинтересирани и за другите активности на ЦИВИЛ, особено за тоа како можат да се приклучат на тимовите за мониторинг на претстојните локални избори.
„Враќање на слободата“ е дел од тридневната глобална кампања „Проговори!“ (Speak), создадена како одговор на сè побројните напади врз основните човекови права и слободи, и културата на поделби.
„Проговори!“ е резултат на визијата на Цивикус – Светска алијанса за граѓанско учество, а како дел од Civic Space Initiative.