Categories

ЕУ - ПРОШИРУВАЊЕ Јункер: Западен Балкан останува за следниот мандат на ЕК!

Во годишното обраќање пред парламентот на ЕУ во Стразбур, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер даде ново ветување за нова перспективата на Западниот Балкан, но во 2019 година

На обраќањето Јункер ја потенцирал важноста на веродостојната перспектива за проширување со земјите од Западниот Балкан, ако „сакаме поголема стабилност во соседството“. Според Дојче Веле на македонски јазик, тој сепак, ја отфрлил можноста – проширувањето на ЕУ со некоја од земјите од Западен Балкан да се случи во актуелниот мандат на Европската комисија што завршува во 2019 година, поради неподготвеност на кандидатите!

„Јасно е дека нема да има натамошно проширување за време на мандатот на оваа Комисија и на овој Парламент. Ниту еден од кандидатите не е подготвен сега! Но, потоа, Европската унија ќе биде поголема од сегашниот број од 27 членки. Кандидатите за членство мораат да му дадат најголем приоритет на владеењето на правото, судството и основните права“, рекол Јункер.

Print Friendly, PDF & Email